back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСПОРТЛампард му се...

Лампард му се враќа на фудбалот по 18 месеци, ќе води клуб од втора лига

Англиската фудбалска легенда, Френк Лампард најде нов тренерски ангажман и ќе седне на кормилото на второлигашот Ковентри.

По пауза од 18 месеци, Френк Лампард му се враќа на фудбалот, ја прифати понудата на второлигашот Ковентри.

По серијата лоши резултати, „сините“ решија да се разделат со Марк Робинс, кој речиси осум години седеше на кормилото и го донесе Ковентри од четврта до втора лига.

Во сезоната 2022/23 играа и финале за влез во Премиерлигата, но загубија на пенали од Лутон, а минатата сезона имаа уште еден натпревар на Вембли, играа против Манчестер јунајтед во полуфиналето на ФА Купот, натпревар кој исто така го загубија на пенали.

Френк Лампард сега ќе треба да го врати Ковентри на прави патеки, клубот во моментов е само два бода над зоната за испаѓање во Чемпионшип.

„Задоволен сум што Френк Лампард прифати да му се придружи на Ковентри како тренер на првиот тим. Тој се калеше во Чемпионшип и знае што е потребно за успех во оваа лига“ – рече сопственикот на Ковентри, Даг Кинг.

Френк Лампард својата тренерска кариера ја започна на кормилото на Дерби во Чемпионшип и веќе во првата сезона стигна до плеј-оф финале за влез во Премиерлигата.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари