back to top
5.8 C
Skopje
27.01.2025
Google search engine
домаЛажни пораки ...

Лажни пораки од Фондот за здравствено осигурување, граѓаните да внимаваат

Фондот за здравствено осигурување на Македонија има сознанија дека се појавија лажни пораки кои им се праќаат на граѓани по електронски пат, на е-меил, а како да е од ФЗО.

„Во лажните пораки, кои не се испратени од е-меилот на ФЗО, им се укажува на граѓаните дека наводно системот со управување на трансакции на Фондот препознава дека треба да добијат исплата за рефундација на средства по што треба да кликнат на одреден линк.

Фондот им укажува на граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни пораки за да не бидат злупотребени нивните лични податоци и трансакциски сметки, а доколку се во можност да пријават во Службата за компјутерски криминал во МВР. Фондот веќе го пријави случајот во МВР,“ се вели во соопштението.

The post Лажни пораки од Фондот за здравствено осигурување, граѓаните да внимаваат appeared first on еМагазин.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари