back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСПОРТКристијан Ник...

Кристијан Николов: Знам дека секој ќе извади максимум од своите сили

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија ја очекуваат двата најважни дуели во квалификациите за Евробаскетот 2025-та. Двомечот со Литванија може да реши дали Македонија по пауза од 10 години пак ќе игра на Европскиот шампионат.

Отсуството на Димитријевиќ и Шорц, како и повредата на Магдевски, го прави Кристијан Николов прва опција на плејмејкерската позиција.

„Тешко е сега да се прогнозира дали ќе се пласираме на Европското првенство, бидејќи секој натпревар е посебна приказна и не знаеме кој ќе игра, а кој не.

Допрва ќе ги анализираме и Литванците, знам дека и тие нема да бидат комплетни што ќе биде многу тешко за скаутинг, имаат и нов селектор, па ќе видиме што ќе се случи.

На нас останува да дадеме се од себе, на нас е да изгинеме за секоја топка и да покажеме карактер, а останатото веројатно ќе дојде. Знам дека секој од моите соиграчи ќе извади максимум од своите сили и се надевам на позитивен резултат“, изјави Николов.

Првиот натпревар Македонија и Литванија ќе го играат во четвртот во СЦ “Кале“ од 18 часот. Реваншот е в недела во Клаипеда.

The post Кристијан Николов: Знам дека секој ќе извади максимум од своите сили appeared first on .

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари