дома СВЕТ Кремљ ја позд...

Кремљ ја поздрави политичката волја на Германија да го продолжи дијалогот со Русија

Кремљ ја поздрави политичката волја на Германија да го продолжи дијалогот со Русија

Политичката волја на германското раководство за обновување на дијалогот со Русија може само да се поздрави, изјави денеска прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков, коментирајќи го телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Ситуацијата има своја дијалектика на развој и, се разбира, веројатно сите елементи се здружуваат за да се појави политичка волја за обновување на дијалогот. Во овој случај, тоа може само да се поздрави. Згора на тоа, претседателот Путин неколкупати кажа дека тој е отворен за дијалог“, рече Песков за телевизијата „Русија 1“, одговарајќи на прашањето зошто Шолц го побарал Путин токму сега и дали тој повик е поврзан со претседателските избори во САД или со политичката ситуација во самата Германија.

Песков додаде дека тонот на телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери бил деловен, пренесе „Спутник“.

The post Кремљ ја поздрави политичката волја на Германија да го продолжи дијалогот со Русија appeared first on Локално.

Exit mobile version