back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаКУЛТУРАКОСТОВ: Понуд...

КОСТОВ: Понудената цена од 3.200 денари по акција ќе биде прва, последна и единствена понуда!

Комерцијална банка нема да даде ни денар повеќе од понудената цена за акција од 3.200 денари за преземање на Стопанска банка Битола, тврди  Хари Костов, Главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка – Скопје  откако последниве денови се слушаат гласини од некои постојни помали акционери на Стопанска банка и тоа пред сè во Битола, кои се обидуваат да влијаат и на останатите акционери, дека оваа понуда од 3.200 денари за акција наводно била првична понуда од Комерцијална банка, акционерите да не ја прифаќаат веднаш понудата и дека потоа наводно Комерцијална банка ќе дадела понуда со поголема цена 

 

Комерцијална банка нема да даде ни денар повеќе од понудената цена за акција од 3.200 денари за преземање на Стопанска банка Битола, тврди првиот човек на Комецијална, Хари Костов.

-Од името на Комерцијална банка сакам да бидам недвосмислено јасен. Понудената цена од 3.200 денари за акција ќе биде прва, последна и единствена понуда од Комерцијална банка. Нема да има никакво зголемување или намалување на понудената цена или на прагот на успешност. Доколку акционерите на Стопанска банка Битола ја прифатат понудата во потребен процент, веднаш по завршување на техничките процедури ќе ги добијат своите пари, кои веќе се префрлени на сметката на Централниот депозитар за хартии од вредност во износ од нешто над 1,25 милијарди денари за 100 отсто од акциите, и може да си планираат свои натамошни инвестициони или други проекти. Доколку не ја прифатат сегашнава понуда во потребниот процент, тогаш секоја банка ќе си продолжи самостојно по својот пат, вели  Костов, во интервју за порталот Фактор  во врска со најавеното преземање на Стопанска банка Битола, од страна на Комерцијална банка – Скопје. Тој посочува дека последниве денови се слушаат гласини од некои постојни помали акционери на Стопанска банка и тоа пред сé во Битола, кои се обидуваат да влијаат и на останатите акционери, дека оваа понуда од 3.200 денари по акција наводно била првична понуда од Комерцијална банка, акционерите да не ја прифаќаат веднаш понудата и дека потоа наводно Комерцијална банка ќе дадела понуда со поголема цена од сега понудените 3.200 денари.

За понудената цена за една обична акција на Стопанска банка Битола, Костов вели дека е резултат на опсежна длабинска анализа за постојното работење и очекуваните идни перформанси на банката.

„Точно е дека таа е под книгодствената вредност на акцијата на Стопанска банка Битола, но такви се моменталните мултипликатори по кои се тргува на банкарскиот пазар. Но, исто така е точно дека таа е над номиналната цена на акцијата која изнесува 3.000 денари. И е значително над просечната цена од 2.740 денари, која е остварена со тргувањето на акцијата на Стопанска банка Битола на Македонската берза во последните 12 месеци. Имајќи ги предвид овие моменти, мислам дека понудата е реална и квалитетна од аспект на постојното работење на Стопанска банка Битола и мојата препорака до сите акционери на Банката е да ја прифатат оваа понуда.

Комерцијална банка АД Скопје со учество од 21,9 отсто е најголема банка во државата според големината на активата на 31 декември 2023 година. По завршување на процесот на присоединување, се очекува вкупната актива на Комерцијална банка АД во 2025 година при инвестиција од 1,25 милијарди денари за купување на акциите на Стопанска банка Битола да се зголеми за дополнителни 11 милијарди денари и да достигне износ од близу 185 милијарди денари.

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на вчерашната седница донесе решение со кое на Комерцијална банка АД Скопје и издаде дозвола за давање понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола. Понудата за преземање се однесува на 390.977 обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола, кои претставуваат 100 проценти од основната главнина на  банката. Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 3.200 денари за акција.

 

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари