дома СВЕТ Косовската по...

Косовската полиција ги затвори просториите на привремената управа на општина Србица

Косовската полиција ги затвори просториите на привремената управа на општина Србица

Припадниците на косовската полиција денеска упаднаа и ги затворија просториите на привремената управа на општина Србица на Косово, јавуваат регионалните медиуми.

Според информациите, четворица полицајци во цивилна облека ги запечатиле просториите на оваа српска институција и ги протерале работниците што ги затекнале таму, со образложение дека се занимаваат со „незаконски и противуставни активности“.

Канцеларијата за Косово на Србија посочува дека ваквиот потег е во директна спротивност со сите договори и резултатите од дијалогот и покажува дека единственото нешто што Албин Курти го знае е да води политика на затворање, блокади и исклучувања. Се нагласува дека ова е десетта привремена управа што властите во Приштина самоволно и незаконски ја затворија, по затворањето на привремените власти во Штрпац, Клина, Исток, Гораждевац, Гора, Косовска Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток.

The post Косовската полиција ги затвори просториите на привремената управа на општина Србица appeared first on Локално.

Exit mobile version