back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Контроверзната церемонија на отворањето на Олимписките игри „исчезна“ од каналот Јутјуб!?/ВИДЕО

Неполн ден по свеченото отворање на Олимписките игри во Париз се случи крајно неочекувана работа.

Целата церемонија беше направена на посебен начин, сосема поинаков од она на што сме навикнати, спортистите беа претставени на бродови, а музичкото шоу беше многу контроверзно.

Предизвика бројни реакции, главно негативни, насочени кон изведувачите кои често знаеја да ги збунат луѓето пред малите екрани со својот изглед.

Сега истото видео од свеченото отворање целосно исчезна од YouTube каналот на Олимписките игри и веднаш почнаа разни теории.

Некои од теориите кои кружат на социјалните мрежи се дека „целата церемонија била демонизирана“, други велат дека авторските права создале проблем, но како и да е, нема видео, а контроверзниот дел од церемонијата може да се види на видеото подолу.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари