дома СПОРТ Контроверзнат...

Контроверзната олимписка шампионка поднесе тужба поради „мизогинска, расистичка и сексистичка кампања“

Контроверзната олимписка шампионка поднесе тужба поради „мизогинска, расистичка и сексистичка кампања“

Контроверзната олимписка шампионка, Имане Келиф, поднесе тужба поради „мизогинска, расистичка и сексистичка кампања“. Боксерката поднесе официјална жалба откако се најде во центарот на спорот за подобноста на полот на Олимпијадата. Таа го освои вториот златен медал за Алжир на Олимписките игри, откако славеше во женска конкуренција до 66 килограми, победувајќи ја Кинезинката Јанг Лиу со едногласна одлука на судиите.

Нејзиниот настап во Париз привлече големо внимание, бидејќи Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) ѝ забрани да учествува на Светското првенство во Индија, откако падна на тестовите за полот, а претседателот на ИБА, Умар Кремлев, тврдеше дека има XY-хромозоми.

И покрај бројните критики во текот на натпреварувањето, почнувајќи со победата над Анџела Карини од Италија за само 46 секунди, Алжирката беше надмоќна над конкуренцијата и, без посериозни проблеми, стигна до златниот медал. Но, сега нејзиниот адвокат, Набил Буди, објави дека поднела тужба до специјалното одделение на париското Обвинителство за борба против говорот на омраза на „Интернет“.

– Боксерката Имане Келиф одлучи да започне нова борба, борба за правда, достоинство и чест. Истрагата ќе открие кој стои зад оваа мизогинска, расистичка и сексистичка кампања, но ќе се справи и со оние што го охрабруваа линчот на „Интернет“ – рече Буди, според „Галф тајмс“.

Според извештаите, боксерката што ќе освои злато на Олимпијадата, обично заработува околу 78.515 фунти, како парична награда.

Половина од таа сума оди кај спортистот, додека другата половина ја делат националниот Сојуз и селекторот, кој имаше клучна улога во победата. Ситуацијата за Келиф е дополнително комплицирана, бидејќи одговорна за плаќање на паричната награда е Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА), организацијата што ја исфрли од Светското првенство.

 

Exit mobile version