back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Конор Мек Грегор нема да се врати во рингот до крајот на годината

Ирецот Конор Мек Грегор се уште се опоравува од повредата, но се надева дека ќе може повторно да се бори подоцна оваа година. Се уште не е познато со кого ќе се бори, но Конор е дециден дека тоа ќе биде против Американецот. Мек Грегор изјави дека има уште 2 борби од договорот со УФЦ и навести дека би можел да замине во БКФЦ.

Поранешниот двократен шампион на УФЦ е косопственик на лигата за борби со голи раце. Тој е возбуден за борбата за титулата во БКФЦ.

„На крајот на оваа година ќе се борам во УФЦ. Ова ќе биде мојата последна борба за оваа година. После тоа, ќе ми остане само 1 борба од договорот со УФЦ. Ќе видиме што ќе следи после неа. Борбата за светска титула со голи раце ми звучи многу возбудливо“, изјави Мек Грегор.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари