Кога Косово ќе ги екстрадира Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, осудени во случајот „Монструм“

    Ништо ново конкретно нема во случајот за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од Косово, кои во Македонија се осудени на доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковското езеро во април 2012 година.

    Македонија неколку пати досега бараше нивна екстрадиција, тие и беа уапсени во Косово пред неколку години, но беа пуштени.

    Прашан за нивната екстрадиција, косовскиот премиер Албин Курти, на вчерашната прес-конференција со неговиот македонски колега Христијан Мицкоски во Приштина, рече дека косовскиот и македонскиот министер за правда работеле на тоа што поскоро да се реши прашањето за нивна екстрадиција.

    – Тие комуницираат директно меѓусебе и се залагаат да го решат што поскоро ова прашање со оглед на тоа што се работи и за прашање на судови, на јавни обвинителства. Ние сме во ситуација кога имаме наследено старо прашање, и ова наследено прашање налага законски, судски третман, рече Курти, додавајќи дека двајцата министри даваат максисмум за што поскоро да се реши ова прашање.

    – Да им дадеме уште малку време на двајцата и да го решат овој проблем, рече Курти.

    Мицкоски рече дека го поддржува она што го кажал Курти.

    Кај Смилковското Езеро беа убиени момчињата Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, и рибарот Борче Стевковски.

    Фото: МВР

    The post Кога Косово ќе ги екстрадира Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, осудени во случајот „Монструм“ appeared first on еМагазин.

    Exit mobile version