дома СВЕТ Ким Џонг Ун ј...

Ким Џонг Ун ја предводеше евакуацијата на 5.000 жители заробени во поплавите

Ким Џонг Ун ја предводеше евакуацијата на 5.000 жители заробени во поплавите

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги посети областите погодени од поплавите во близина на реката Амнок на северот од земјата и водеше операција за спасување на околу 5.000 жители користејќи воени хеликоптери, објавија утрово севернокорејските државни медиуми.

Медиумите објавија дека Ким во неделата ги посетил областите во провинцијата Северен Пјонган кои се погодени од поплави по рекордните врнежи на северот на земјата.

Врз основа на наредбата на Ким, воздухопловните сили мобилизираа десетина хеликоптери за да евакуираат околу 5.000 жители, пренесува Јонхап.

Ким ги обвини релевантните службеници дека не ја спречиле штетата од поплавата.

На состанокот на 22 јули, севернокорејскиот лидер им наредил на надлежните агенции да ги спроведат сите мерки за да се спречат штетите од потенцијалните обилни врнежи и да се фокусираат на санирање на последиците од поплавите.

Текстот Ким Џонг Ун ја предводеше евакуацијата на 5.000 жители заробени во поплавите е превземен од А1он.

Exit mobile version