КЕДЕВ ГО ИСКАЧИ ВРВОТ Г2 ВО ПАКИСТАН: Ова е негов 11-ти врв над 8.000 метри

КЕДЕВ ГО ИСКАЧИ ВРВОТ Г2 ВО ПАКИСТАН: Ова е негов 11-ти врв над 8.000 метри

Доктор Сашко Кедев се искачи на врвот Г2 (Gasherbrum II), во Пакистан, кој е висок 8.035 метри, објави Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

„За првпат во историјата македонско знаме на G2 (Gasherbrum II), Пакистан, 8.035 м. На 22 јули 2024 година, во 13:28 часот по локално време, проф. д-р Сашко Кедев го искачи тринаесеттиот по височина врв на светот“, соопшти Федерацијата.

Таа му честита на Кедев за искачувањето на 11. од вкупно 14 врвови над 8.000 метри висина.

Exit mobile version