back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСВЕТКан под вода,...

Кан под вода, улиците како реки/ВИДЕО

Обилните врнежи предизвикаа поплави во Кан, Франција.

„Во нашето подрачје има силно невреме, повремено пропратено со град. Ги повикуваме сите граѓани да бидат внимателни и да преземат мерки на претпазливост доколку патуваат“, се наведува во соопштението на Градската управа на социјалната мрежа Икс.

Во соопштението се наведува дека сообраќајот е блокиран поради поплави, вклучително и фреквентната улица Мимон.

„Пријавени се штети во некои подруми и продавници. Во моментов нема пријавени случаи на човечки жртви“, се вели во соопштението.

Локалните власти најавија и дека во текот на денот очекуваат поповолни временски услови и нормализирање на состојбата во градот.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари