дома СПОРТ Кошарка Канада со поб...

Канада со победа над Австралија си „завери“ четвртфинале на ОИ

Канада со победа над Австралија си „завери“ четвртфинале на ОИ

Канадскиот тим ја совлада Австралија со 93:83 (26:28, 19:21, 27:21, 21:13) и се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри.
Клучен играч во победата на канадската репрезентација беше Ар Џеј Берет, кој во клучните моменти од играта го носеше на грб тимот и со 24 поени беше најефикасен во двете селекции.
Берет беше следен од Брукс и Гилиус Александер со по 16 поени, додека Гиди беше најефикасен кај Австралија со 19 поени. Џок Лендејл одигра одлична партија, постигна 16 поени и додаде 12 скока, а Ексум имаше 15 поени.

The post Канада со победа над Австралија си „завери“ четвртфинале на ОИ appeared first on Република.

Exit mobile version