back to top
6.8 C
Skopje
03.02.2025
Google search engine

Камион се заби во толпа луѓе на автобуска постојка во Израел, десетици се повредени: Постои сомнение за терористички напад

Израелските служби за итни случаи соопштија дека десетици луѓе се повредени кога на нив налетал камион на автобуска постојка на раскрсницата Глилот пред Тел Авив.

Полицијата соопшти дека на „местото на нападот“ дошле десетици полицајци, за кој се истражува и постои сомнение дека е терористички чин.

Подоцна беше објавено дека возачот на камионот бил застрелан од вооружени цивили.

Шеснаесет повредени лица се пренесени во болница, меѓу кои четворица се во тешка состојба, јавија израелските медиуми.

Главниот штаб на Мосад и неколку воени единици се наоѓаат во областа Глилот.

Првите резултати од истрагата покажале дека автобусот застанал на станицата пред базата Глилот на израелската армија, за патниците да излезат, а во исто време камионот налетал на луѓето на таа станица.

AP Photo/Oded Balilty
Беше прецизирано дека се повредени 24 лица. Се истражуваат сите детали и мотивите за овој напад.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари