Српскиот претседател Александар Вучиќ ја продолжува посетата на Подриње со обиколка на патот Шабац-Лозница.
„Нема поубав мирис од асфалт, какви палачинки“, рекол Вучиќ и побарал да се повози со машината што работи на изградба на патниот правец.
Тој рече дека синоќа кога подготвувал храна за војниците пробал и палачинки со џем од шипка, кои имаат убав мирис, но дека ова повеќе му се допаѓало.
При посетата, Вучиќ истакнал дека брзиот пат ќе биде отворен пред Свети Никола и изрази задоволство од досега сработеното.