И утрово тресеше во подрачјето Делчево – Берово

И утрово тресеше во подрачјето Делчево – Берово

Земјотрес со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала и Рихтерова локална магнитуда ML3.1. е регистриран утрово од Телеметриската сеизмолошка мрежа. Епицентарот е во подрачјето Делчево – Берово, 123 километри југоисточно од Скопје.
Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот се случил во 08 часот и 46 минути, а го почувствувале жителите на градовите Пехчево, Берово и околината.
На истото подрачје тресеше и синоќа:
https://republika.mk/zivot/servisi/dva-zemjotresi-vo-makedonija-pochuvstvuvani-vo-berovo-delchevo-i-okolinata/

The post И утрово тресеше во подрачјето Делчево – Берово appeared first on Република.

Exit mobile version