back to top
15.8 C
Skopje
31.01.2025
Google search engine
домаИсторија, гео...

Историја, географија, биологија, хемија и физика пак ќе бидат посебни предмети

Од Министерството за образование и наука информира дека се усвоени измените на Концепцијата за основно образование, кои произлегле од сугестиите на стручната и пошироката јавност, особено наставниците од основните училишта, а со исите, повторно се враќаат предметите историја, географија, биологија, физика и хемија како посебни предмети во седмо, осмо и деветто одделение.

-Оваа промена е поттикната од потребата за јасно дефинирани насоки и содржини, кои претходната Концепција ги интегрираше, но со несоодветни упатства за реализација и со намалени обем на важни материјали.

Како дел од овие реформи, во наредниот период ќе се изработат нови наставни планови и програми за седмо, осмо и деветто одделение, кои постепено ќе се воведуваат од учебната 2025/2026 година, па во наредните две учебни години, велат од таму.

The post Историја, географија, биологија, хемија и физика пак ќе бидат посебни предмети appeared first on еМагазин.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари