Водачот на Хамас Исмаил Ханије е убиен во Иран, објавија во одвоени изјави палестинската милитантна група Хамас и елитната иранска Револуционерна гарда.
Исламистичката фракција соопшти дека тагува за смртта на Ханије, кој според неа е убиен во „предавничкиот ционистички напад врз неговата резиденција во Техеран“.
„Рано утринава беше погодена резиденцијата на Исмаил Ханије во Техеран, што резултираше со мачеништво на него и еден од неговите телохранители. Причината се истражува и наскоро ќе биде објавена“, соопшти иранската Револуционерна гарда.
Претходно оваа година, тројца од синовите на Ханије беа убиени во израелски воздушен напад врз цели од висок профил во Газа. Израелската војска соопшти дека двајца биле воени оперативци на Хамас, а третиот командант.
Текстот Исмаил Ханије, водачот на Хамас е убиен во Иран е превземен од А1он.