дома СПОРТ Ирман Полутак...

Ирман Полутак потпиша за Работнички

Ирман Полутак потпиша за Работнички

Босанскиот кошаркар  Ирман Полутак потпиша едногодишна соработка со најтрофејниот македонски тим КК Работнички.

Станува збор за 28-годишен центар висок 209 сантиметри кој зад своето име има и АБА лигашко искуство настапувајќи за Крка на почетокот на кариерата, како и во АБА2 лигата за сараевски Спарс.

Во „црвено-белите“ редови доаѓа од унгарското првенство каде минатата сезона ги бранеше боите на Осе забележувајќи просек од 12.3 поени и 5.7 скокови на 35 одиграни натпревари. Претходно настапувал и за хрватските Забок, Горица и Алкар и словенечкиот Златорог.

Exit mobile version