дома МАКЕДОНИЈА Инцидент во К...

Инцидент во Кочани: Насилник со нож ранил малолетник

Инцидент во Кочани: Насилник со нож ранил малолетник

Во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен малолетник од градот.

Според пријавеното, во Кочани тој бил нападнат од друг малолетник, кој употребил остар предмет и му нанел убодна рана.

Во врска со настанот, со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на родител.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Инцидент во Кочани: Насилник со нож ранил малолетник е превземен од А1он.

Exit mobile version