дома КУЛТУРА Сцена Инцидент во З...

Инцидент во Земун – Српската актерка Слобода Миќаловиќ нападната на паркинг, завршила во Ургентен центар

Инцидент во Земун – Српската актерка Слобода Миќаловиќ нападната на паркинг, завршила во Ургентен центар

Слобода Миќаловиќ вчера учествувала во физичка пресметка во Земун, а после тоа завршила во Ургентен центар.
Имено, како што пренесуваат српските медиуми, актерката синоќа била примена во Ургентниот центар бидејќи во полиција се пожалила на повреди кои наводно и ги нанел С.Д.(47) по расправија.
Инцидентот се случил на паркингот на плоштадот Караѓорѓев во Земун, а како што пренесуваат медиумите, кога полициската патрола излегла на местото, било констатирано дека конфликтот започнал на паркингот, додека Слобода паркирала.

Жената со иницијали С.Д. Наводно ја прашала актерката зошто ја удрила со автомобилот, што Слобода демантирала. После тоа ја влечела за коса и ја извлекла од возилото.
На местото на настанот пристигнала брза помош бидејќи актерката се пожалила на болки во пределот на главата, поради што е префрлена во Ургентниот центар.
Инцидентот се случил околу 19 часот, а актерката, според српските медиуми, се уште е во Ургентниот центар во Белград.

Фото: Притскрин/Instagram

The post Инцидент во Земун – Српската актерка Слобода Миќаловиќ нападната на паркинг, завршила во Ургентен центар appeared first on ekran.

Exit mobile version