Олимпизмот има нова рекордерка и нова најмлада спортистка со златен медал. Игрите во Париз ќе се паметат по еден навидум непопуларен спорт, каде што се испиша историја.
Во финалето во скејт, младата јапонска тинејџерка Коко Јошизава стана втората најмлада спортистка што некогаш освоила златен медал. Со само 13 години и 330 дена, таа направи подвиг, но не ја мина Марџори Гестринг, која се закити со златниот медал во скоковите во вода на Олимписките игри во Берлин, во 1936 година, кога имаше само 13 години и 268 дена.
Јошизава, на второто место, се израмни со вториот најмлад освојувач на злато досега, Момиџи Нишија од Јапонија, која во Токио, во 2021 година, имаше 13 години и 330 дена.