back to top
8.8 C
Skopje
31.01.2025
Google search engine
домаИзмамници исп...

Измамници испраќаат пораки од името на Фондот за здравство, се апелира до граѓаните да не наседнуваат

Фондот за здравствено осигурување на Македонија има сознанија дека се појавија лажни пораки, кои им се праќаат на граѓани по електронски пат, на електронската пошта, од името на ФЗО.

Во лажните пораки им се укажува на граѓаните дека наводно системот со управување трансакции на Фондот препознава дека треба да добијат исплата за рефундација на средства по што треба да кликнат на одреден линк.

Фондот им укажува на граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни пораки за да не бидат злупотребени нивните лични податоци и трансакциски сметки, а доколку се во можност, да пријават во Службата за компјутерски криминал во МВР.

Фондот веќе го пријави случајот во МВР.

Текстот Измамници испраќаат пораки од името на Фондот за здравство, се апелира до граѓаните да не наседнуваат е превземен од МАКФАКС.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари