Безбедносната ситуација околу планираниот напад на концертите на Тејлор Свифт во Виена беше многу сериозна и беше избегната трагедија, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер по откажувањето на трите концерти на Тејлор Свифт откако владата потврди дека е планиран напад на стадионот.
Нехамер на мрежата Х напиша дека благодарение на интензивната соработка на австриската полиција со странски служби, заканата била рано идентификувана и спречена е трагедија.
Три концерти на Тејлор Свифт во Виена се откажани откако владата потврди дека е планиран напад на стадионот, објави организаторот.
Австриската полиција уапси две лица осомничени дека планирале напади на концерти претходно денеска, изјави Франц Руф, генерален директор за јавна безбедност на прес-конференција.
Главниот осомничен деветнаесетгодишник, со потекло од Македонија, е уапсен во Терниц, јужно од Виена, а второто лице во главниот град на Австрија, пренесе АП.
Раф рече дека 19-годишникот се заколнал на верност на терористичката група Исламска држава.
Свифт имаше закажано концерти на стадионот Ернст Хапел во Виена во четврток, петок и сабота како дел од нејзината турнеја Ерас.