back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСПОРТКошаркаИако губеше с...

Иако губеше со 24 разлика, Србија дојде до триумф над Австралија

Кошаркарската репрезентацијата на Србија по едно продолжение од пет минути успеа да ја совлада селекцијата на Австралија со 95-90, обезбедувајќи пласман во полуфиналето на Олимписките Игри.
Србите во втората четвртина заостануваше дури 24 поени зад Австралија, но го најдоа ритамот и целосно се вратија во натпреварот.
Милс погоди на неполни две секунди до крајот и го внесе натпреварот во продолжение. Таму Јокиќ одигра симултанка под двата коша и ги донесе Србите во позиција да играат за медал.
Најефикасен во победничкиот состав беше кошаркарот на Србија, Никола Јокиќ, со 21 поен, 14 скокови и 8 асистенции, додека кај Австралија најдобри беа Пети Милс со 26 поени, а Џош Гиди постигна еден помалку.
Противник на Србија во полуфиналето ќе биде поуспешниот од последното четвртфинале меѓу Бразил и Соединетите Американски Држави.

The post Иако губеше со 24 разлика, Србија дојде до триумф над Австралија appeared first on Република.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари