дома МАКЕДОНИЈА ЗЕМЈОТРЕС ВО ...

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Потрес со јачина од 3 степени е регистриран утрово вo епицентралното подрачје Дојарн – Кукуш

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Потрес со јачина од 3 степени е регистриран утрово вo епицентралното подрачје Дојарн – Кукуш

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 е регистриран изутринава во 5 часот и 31 минута во епицентралното подрачје Дојран-Кукуш, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот бил на 130 километри југоисточно од Скопје. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Дојран и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Фото: МИА

Exit mobile version