back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаЕКОНОМИЈАЗемјите од Г7...

Земјите од Г7 договараат како да ги оданочат супербогатите

Најбогатите во светот, кои сочинуваат 1 % од вкупната популација, го зголемија своето богатство за повеќе од 42 трилиони долари во изминатата деценија, пресмета невладината организација „Оксфам“ пред самитот на седумте најбогати земји во светот, на кој главна тема е оданочувањето на најбогатите и спречувањето на појавата најбогатите да ги избегнуваат даночните системи на земјите.

Организацијата оценува дека даноците за богатите се на „историски ниски непристојни нивоа“.

На самитот на Г7 во Рио де Жанеиро, се очекува министрите за финансии на групата да постигнат напредок за начините за зголемување на давачките за ултрабогатите и спречување на милијардерите да ги избегнуваат даночните системи. Иницијативата вклучува утврдување методологии за оданочување на милијардерите и на другите лица со високи примања.

За предлогот се  Франција, Шпанија, Јужна Африка, Колумбија и Африканската Унија, но САД се против.

„Оксфам“ предлага годишен данок на нето-богатството од најмалку 8 % за „екстремното богатство“ на супербогатите.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари