дома СВЕТ Зеленски го п...

Зеленски го потпиша буџетот, 60 проценти од трошоците за одбрана

Зеленски го потпиша буџетот, 60 проценти од трошоците за одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го потпиша Законот за државниот буџет за 2025 година, од кој 60 отсто ќе биде за одбрана од руската инвазија и за безбедност, односно нешто повеќе од 50 милијарди евра, додека аналогниот дел од буџетот на Русија е три пати поголем од тоа.

– Приоритет на буџетот е заштитата на нашата земја, тој вклучува финансирање на безбедносните и одбранбените сили, набавка и производство на оружје, беспилотни летала и опрема, напиша украинскиот премиер Денис Шмигал на Телеграм.

Буџетот од вкупно 82 милијарди евра беше одобрен од украинските пратеници на 19 ноември.

Украина, која има помалку оружје, помалку регрути и помалку пари од Русија, е принудена да ги зголеми трошоците за одбрана бидејќи војната влегува во третата година.

 

The post Зеленски го потпиша буџетот, 60 проценти од трошоците за одбрана appeared first on Локално.

Exit mobile version