back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Застрелан тинејџер во Белград додека седел во автомобил: Момчето се бори за живот

Осумнаесетгодишникот Ф.Ј.  е тешко ранет во огнена пресметка што се случила рано утринава на Лабудово Брдо во белградска Раковица и итно бил пренесен во Ургентниот центар каде се борат за неговиот живот.

Пукотниците се случиле нешто пред 3 часот на улицата 11-та краина дивизија, а младиот човек во бесознание со тешки повреди веднаш бил пренесен во Ургентниот центар каде бил опериран.

Повеќе детали од местото на пресметката се уште не се познати, а полицијата интензивно работи на откривање и пронаоѓање на напаѓачот.

Како што се дознава, 18-годишникот седел во автомобил, кога непознато лице му пришло и испукало неколку истрели кон него, од кои еден завршил во градите на младиот човек.

Неговиот татко со истиот автомобил го пренел во Ургентниот центар, каде тинејџерот се бори за живот.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари