back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Закажана пресудата за Урош Блажиќ за масакрот во Дубона и Мали Орашје: Обвинителството бара максимална казна

Во Специјалниот суд во Белград денеска се одржа судењето на Урош Блажиќ, обвинет за масакрот во селата кај Младеновац во кој беа убиени девет лица. Освен него, му се суди и на неговиот татко Радиша, а обвинителството побара максимални затворски казни за обвинетите. Изрекувањето на пресудата е закажано за 12 декември.

На денешното судење беа изнесени завршни зборови.

Обвинителот Иван Конатар побара максимални казни за обвинетите. Саша Паниќ, чии две деца ги уби Блажиќ, побара да го даде последниот исказ пред судот. Сепак, судијата не му дозволи. По судењето за медиумите се огласи неговата сопруга Зорица.

„Немам што да кажам, и онака никој не обрнува внимание што зборуваме. Пресудата ќе биде на роденденот на Саша“, изјави непосредно по судењето Зорица Паниќ.

Инаку, на Урош Блажиќ му се заканува казна од 20 години бидејќи во моментот на делото немал уште 21 година.

Масакрот во селата Мало Орашје и Дубона се случи на 4 мај минатата година. Урош Блажиќ уби девет, а рани 12 лица.

Обвинетиот Урош Блажиќ шокираше со одбраната: „Цел живот глумев и правев жртва од себе – јас сум мртов човек“

 

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари