back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаЗад планот за...

Зад планот за напад на концертот на Тејлор Свифт можно е да стоеле и лица со турско и хрватско потекло

Зад планот за напад на концертот на Тејлор Свифт можно е да стоеле и лица со турско и хрватско потекло, беше истакнато денес по информацијата дека главниот осомничен е 19-годишник родум од Австрија, со родители од Македонија.

Од она што досега е позннато, покрај 19-годишникот, уапсен е и 17-годишник, а осомничени се уште неколку други лица.

„Еден од тројцата што се под полициски надзор има хрватски корени, но е роден во Австрија“, изјавија властите во Виена, пренесе „Индекс“.

„Крон цајтунг“ пишува дека осомниечени се четворица и во моментот се под полициски надзор. Едниот од нив е 17-годишник роден во Австрија со хрватско-турски корени, кој веќе ѝ бил познат на полицијата.

Меѓу нив има и петнаесетгодишник со турско потекло.

Текстот Зад планот за напад на концертот на Тејлор Свифт можно е да стоеле и лица со турско и хрватско потекло е превземен од МАКФАКС.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари