Ждребето имало кожа, непроменета ДНК и крв во течна состојба, што е речиси невидено кај ниту еден толку стар примерок
Ловци на мамути што во 2018 година го ископувале кратерот Батагаика во Сибир, Русија, наишле на револуционерно откритие – под 30 метри вечен мраз пронашле совршено сочувано тело на ждребе. Иако приказната не е ново откритие, поради уникатноста заслужува да ја пренесеме на Умно.мк.
Кратерот Батагајка, кој често се нарекува „Порта на подземјето“, е огромна вдлабнатина во сибирскиот вечен мраз (пермафрост), формирана поради глобалното зголемување на температурите. Сместено е во студениот регион Черски, кој поради својата единствена и екстремна средина, создава идеални услови за зачувување и заклучување на органската материја во вечниот мраз. Истражувачите проценуваат дека кратерот може да има до 200.000 години геолошка и биолошка историја.
По откривањето на ждребето, мештаните повикале научници да го истражат наодот. Палеонтолози од Русија и од Јапонија пристигнале на локацијата за стручно да го откопаат ждребето и да го пренесат во Мамутскиот музејна Североисточниот федерален универзитет во Јакутск, Русија, за дополнително да го анализираат. Не било тешко да се претпостави дека примерокот е стар, сочуван во вечниот мраз примерокот е датиран на неверојатни 46.000 години, времето кон крајот на последното ледено доба. Но, тоа што го прави овој наод интересен за науката била речиси совршената состојба во која е пронајден. Ждребето имало кожа, непроменета ДНК и крв во тешна состојба, што е речиси невидено кај ниту еден толку стар примерок. Ждребето до денес го држи рекордот за најстарата течна крв некогаш пронајдена.
Научниците идентификувале дека станува збор за ждребе од изумрената раса Лена (Equus lenensis), особено значаен по тоа што може да ни каже за еволуцијата на коњите. Дополнително им обозможил на научниците да ја проучуваат анатомијата, исхраната и генетиката на овој изумрен вид, нудејќи сознанија што е невозможно да се соберат само од фосилните остатоци.
Коњот Лена првпат бил опишан како подвид на див коњ во 1968 година, откако биле пронајдени фрагменти од череп во североисточен Сибир. Неколку фрагменти од коски и фосили од коњот Лена се пронајдени низ регионот, што укажува дека веројатно бил широко распространет пред да биде истребен, пред околу 5.000 години.
Крзното, кожата, копитата и внатрешните органи на ждребето биле извонредно добро сочувани. Науката сега знае дека коњот имал црвено-кафена боја, црна опашка и грива. Истражувачите идентификувале дека ждребето било старо околу две недели кога умрело, веројатно од глад или жед откако се заглавило во калта што толку добро го сочувала неговото тело.
Научниците се фокусирале на генетскиот материјал за подобро да ја разберат еволутивната историја на коњите. Според остатоците пронајдени во желудникот тие добиле податоци за флората и условите на животната средина на древниот Сибир. Совршено недопрената ДНК потенцијално би можела да се искористи за „де-изумирање“ на коњот, односно ефикасно да се „воскресне“.
Пермафростот е слој почва или карпа што остануваат целосно замрзнат на 0 Целзиусови степени или поладно најмалку две последователни години. Значајни делови од северната хемисфера, вклучувајќи ги Русија, Алјаска и Гренланд, како и Антарктикот на јужната хемисфера се покриени со вечен мраз. Дејствува како природен фрижидер, забавувајќи го природниот процес на распаѓање и често зачувувајќи ги органските материјали и екосистемите во речиси совршена состојба.
Неколку импресивни органски примероци се пронајдени во вечниот мраз, покрај коњот Лена, вклучувајќи растенија, животни, бактерии и нематоди. Сепак, повеќето од примероците се пронајдени поради топењето на вечниот мраз како резултат на глобалното затоплување. Многу микроскопски организми можат да преживеат екстремни услови, како на пример да бидат замрзнати цврсти. Сосема е можно, дури и веројатно, дека постојат видови на штетни бактерии и вируси заклучени во состојба позната како „криптобиоза“, од која може да излезат, доколку мразот се стопи. Топењето на вечниот мраз би резултирало со „оживување“ на древна органска материја, која била заробена илјадници години, да се одмрзне и на тој начин да се испуштаат огромни количества јаглерод диоксид и метан во атмосферата што дополнително ќе ги забрза климатските промени.
Подготвил: В.И.И.
Фото: Принтскрин/Јутјуб
The post Ждребето што 42.000 години почивало во вечниот мраз на Сибир first appeared on УМНО.МК.