За време на одморот на островот Менорка во Шпанија, туристот Антонио Барбеито бил разочаран кога погледнал што сакаат да му наплатат во рибниот ресторан каде заминал на луксузна вечера. Таму вечерата го коштала 250 евра, но го изнервирала една банална ставка од сметката. Тој порачал јастог, тартар од ракчиња, пржени лигњи, школки, сладолед, сода и кафе.
Но, од кожа го извадило дека на сметката имало за наплата и чаша мраз, за која требало да плати 2,75 евра. Тој напиша дека тоа е крајно безобразно.
Тој рече дека сака да патува во својата земја и да ги поддржува локалните ресторани, но не му се допаѓаат овие практики. Имено, проблематично е што рестораните генерално се трудат да го извлечат секој денар од туристите, особено на попопуларните места каде посетеноста не зависи толку од квалитетот на услугата.
Adoro el turismo nacional y casi nunca salgo de España para apoyar a una comunidad tan importante como es la hostelera pero en una cuenta de 250 euros que te cobren 3 por hielo extra me parece extremadamente fuera de lugar. #menorca #hosteleria pic.twitter.com/EHDBSKgAPF
— antonio barbeito (@barbeitovila) August 4, 2024
The post „Е, овие 2,75 евра не ви ги плаќам!“, вели бесен турист кога виде што му наплатија со вечерата вредна 250 евра appeared first on Република.