дома СВЕТ Ердоган ги по...

Ердоган ги повика ОН да препорачаат употреба на сила за да се запре Израел

Ердоган ги повика ОН да препорачаат употреба на сила за да се запре Израел

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот го повика Генералното собрание на Обединетите нации да препорача употреба на сила, во согласност со резолуцијата што ја усвои во 1950 година, доколку Советот за безбедност на ОН не ги запре нападите на Израел во Газа и Либан, јави агенцијата Анадолија.

„Генералното собрание на ОН треба брзо да го искористи овластувањето да препорача употреба на сила, како што направи со резолуцијата „Обединети за мир“ од 1950 година, доколку Советот за безбедност не може да ја покаже потребната волја“, рече Ердоган по владиниот состанок во Анкара.

Тој, исто така, ги повика муслиманските земји да преземат економски, дипломатски и политички чекори против Израел за да извршат притисок врз Тел Авив да прифати прекин на огнот и го повтори своето тврдење дека Израел „ќе ги таргетира и нив ако не престане наскоро“.

The post Ердоган ги повика ОН да препорачаат употреба на сила за да се запре Израел appeared first on Локално.

Exit mobile version