Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике се осврна на повредата на Гонсало Рамос добиена синоќа на натпреварот против Ле Авр (4:1) во првото коло од француската Лига 1.
Јас не сум лекар, но повредата изгледа сериозна. Тој се здоби со повреда на скочниот зглоб. Се надеваме дека ќе се врати на теренот што е можно поскоро, изјави Енрике за „RMC Sport“.
Дваесет и тригодишниот Португалец се појави во стартниот состав на ПСЖ, но поради повреда го напушти теренот во 20. минута.
The post Енрике: Повредата на Рамос изгледа сериозна appeared first on Република.