back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаБАЛКАНЕлшани: Затво...

Елшани: Затворени се девет објекти на Пошта Србија во Косово

Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани изјави дека денеска се затворени и пломбирани девет објекти на Пошта Србија во сите четири општини на северот на Косово, а документите со печати се одземени.

Елшани рече дека никој не е уапсен, а од зградите како доказ е одземена одредена документација. Тој додаде дека натамошна истрага ќе преземе обвинителот.

Косовската полиција денеска упадна во просториите на Пошта Србија во сите четири општини на северот на Косово – Лепосавиќ, Косовска Митровица, Звечан и Зубин Поток, како и во просториите на Трезорот на Поштенската штедилница во Лепосавиќ.

Директорот на Канцеларијата за Косово Петар Петковиќ изјави дека акцијата на косовската полиција е незаконски, едностран и инает на сите договори и дека со упадот во просториите на Пошта Србија на северот на Косово, премиерот Албин Курти, директно провоцира воен конфликт, сето тоа пред меѓународната заедница.

Текстот Елшани: Затворени се девет објекти на Пошта Србија во Косово е превземен од А1он.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари