Екопатролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје изготви 22 записника во текот на минатата седмица

    Во текот на минатата седмица екопатролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје изготви вкупно 22 едукативно-информативни записника за граѓани и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини во скопските општини Центар, Карпош, Гази Баба, Чаир и Бутел.

    ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје повторно на терен ги активира и интервентните екопатроли, кои реализираат деноноќни дежурства на т.н. црни точки, односно локациите на кои е забележано континуирано непрописно одлагање отпад.

    Во рамките на интервенциите на екопатролата во изминатите седум дена од страна на сторителите беа отстранети вкупно 57 кубни метри непрописно одложен, претежно градежен и кабаст отпад, извести ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.

    Текстот Екопатролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје изготви 22 записника во текот на минатата седмица е превземен од МАКФАКС.

    Exit mobile version