дома БАЛКАН Едно лице заг...

Едно лице загина во експлозија во магацин за огномет во Бугарија, ќерка му е со 85 отсто изгореници

Едно лице загина во експлозија во магацин за огномет во Бугарија, ќерка му е со 85 отсто изгореници

Едно лице загина во експлозија во магацин за огномет во близина на бугарскиот град Елин Пелин, недалеку од Софија, изјави денеска бугарскиот министер за внатрешни работи, Калин Стојанов.

Мажот (49), кој почина во експлозијата, добил тешки изгореници и синоќа бил хоспитализиран, а неговата 20-годишна ќерка, која исто така е во болница со 85 отсто изгореници, сѐ уште е во критична состојба, пренесува порталот „Новините“.

Стојанов рече дека во магацинот во кој се случила експлозијата може да има уште две лица, меѓу кои и 22-годишниот син на сопственикот на магацинот.

Текстот Едно лице загина во експлозија во магацин за огномет во Бугарија, ќерка му е со 85 отсто изгореници е превземен од МАКФАКС.

Exit mobile version