back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСПОРТЕдинаесет реп...

Единаесет репрезентации се чекираа на Евробаскетот, Македонија ќе почека?!

Покрај лудите партии на Ненад Димитријевиќ и Џеди Осман, кошаркарска Европа веќе ги дозна првите учесници на Евробаскетот што ќе се одржи наредната година.

Евробаскетот 2025 ќе биде 42. издание на најсилното кошаркарско натпреварување на Стариот континент. И овој пат, ФИБА одлучи турнирот да се одржува во неколку земји, а овој пат се работи за четири домаќини, односно за четири града.

Од 27 август до 14 септември 2025 година, Евробаскет 2025 ќе се игра на Кипар (Лимасол), Финска (Тампере), Полска (Катовице) и Летонија (Рига).

Со оглед на правилата, сите домаќини веќе се пласираа на Евробаскетот, а на првенството одат само две репрезентации од нивните групи.

Токму така е и во групата каде што игра Македонија, заедно со Литванија, Естонија и Полска (веќе пласирана).

Покрај овие четири земји, ќе им се придружат уште 20 селекции, кои својот настап ќе го резервираат во февруари 2025 година, кога завршува последниот квалификациски прозорец. Токму тогаш ќе биде познато и дали Македонија ќе успее да обезбеди учество, иако за такво сценарио потребно е да се наредат коцките. Имено, прво треба да ја совладаме Естонија на гости со најмалку шест разлика, а потоа дома да ја добиеме Полска, како и Естонија да загуби од Литванија на гости. Но, сето тоа ќе биде познато во вториот месец од следната година.

Сепак, пред февруари, дури седум репрезентации ја завршија работата веќе во ноември. Прва земја која обезбеди учество е Србија, која воедно ќе биде и прв кандидат за освојување на европската круна. Покрај неа, визата ја чекираа и Литванија, Турција, Италија, Словенија, Израел и Шпанија. Заедно со домаќините, 11 репрезентации веќе се „чекираа“ на големиот континентален собир.

Инаку, кога веќе ги споменавме Осман и Димитријевиќ, време е да потсетиме на нивните луди партии. Нашиот плејмејкер запиша неверојатни 43 поени, во поразот од Литванија (94:72), додека Осман, кој е родум Охрид, ја предводеше Турција до нова победа над Унгарија (76:81) со 33 поени и 11 скокови.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари