Се повеќе ѕвезди се жалат дека се премногу уморни од жестокиот ритам што им го наметнуваат УЕФА и ФИФА со згуснатите распореди и многубројните натпреварувања.
Меѓу нив е и шпанскиот репрезентативец Емерик Лапорт кој веќе извесно време бараше намалување на бројот на натпревари, а сега тоа го повтори и во интервју за „РМЦ спорт“.
„Товарот е преголем. Има премногу натпревари и тоа е сосема јасно. Единственото решение што го гледаме за да го запреме е штрајк на играчите. Ова е навистина премногу“, рекол Лапорт.
Лапорт игра во саудиски Ал-Наср од летото 2023 година. Претходно настапуваше за Атлетик Билбао и Манчестер Сити. Иако по потекло е Французин, за шпанската репрезентација игра од 2021 година.
The post Европски првак се закани: Единствено решение што го гледаме е штрајк на играчите appeared first on Локално.