Евидентирани невработени лица ќе бидат ангажирани како воспитувач или негувател во детска градинка во Центар

Евидентирани невработени лица ќе бидат ангажирани како воспитувач или негувател во детска градинка во Центар

Општина Центар ги повикува сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата „Општинско-корисна работа“, проект „Грижа за секое дете“ за вклучување/работно ангажирање со скратено работно време од девет месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување на град Скопје. За таа цел е распишан и јавен повик.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од девет месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица активни баратели на работа .

 За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во програмата „Општинско-корисна работа“ се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во програмата „Општинско-корисна работа“ треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица: долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над пет години), млади лица до 29 години, лица постари од 50 години, самохрани родители и жртви на семејно насилство.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на  воспитувач  и негувател во детска градинка на територијата на општина Центар.

(А.П.)

Exit mobile version