Метео прогноза на Славчо Попоски:
Денес (понеделник) наутро температурите ќе бидат доста пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 14 степени.
Најстуден ден ќе биде денешниот, кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.
Особено студени утра и тоа поради разведрувањето ќе имаме во вторник и среда, и тие ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 8 степени, па така на повеќе места е можна појава на слана и на мраз.
Од вторник температурите ќе бележат тенденција на постепен пораст, а од денес (понеделник) до среда времето ќе биде стабилно и суво, а нов бран на пообилни врнежи од дожд ќе има од четврток.
НАПОМЕНА: Овие нагли и големи промени на времето, особено лоши ќе влијаат врз метеопатите.
The post Еве какво време не очекува денеска appeared first on ekran.