Двајца мажи ја прескокнале оградата и се прикрале во замокот „Виндзор“ додека принцот Вилијам и принцезата Кејт, како и нивните деца, спиеле во нивниот дом во близина, пишува „Дејли мејл“. Кражбата била минатиот месец.
Наводно, провалниците со украден камион ја пробиле безбедносната капија и украле земјоделски возила. Потоа побегнале со украден „квад“ и пикап возило.
Уништената врата е излезот од Adelaide Cottage, каде често може да се види како доаѓа и си оди кралското семејство. Според „Дејли Мејл“, кражбата се случила откако решиле да ги отстранат вооружените обезбедувачи од влезот. Тие продолжиле да патролираат по имотот, но се претпоставува дека провалниците ги следеле …
– На имотот има аларми, но луѓето сфатија дека нешто се случува дури кога провалниците удриле во вратата – изјавил изворот за „Дејли Мејл“.
Полицијата соопшти и дека се уште не уапсила никого и дека истрагата се уште е во тек.
Семејството на принцот Вилијам се преселило во Adelaide Cottage од палатата Кенсингтон во 2022 година. Британските медиуми јавуваат дека семејството живее само, односно нивните вработени доаѓаат кај нив само кога им се потребни.
Последниот регистриран инцидент на овој имот бил на Божиќ 2021 година кога маж со самострел ја прескокнал оградата со намера да ја убие тогашната кралица Елизабета Втора. Тој доби затворска казна од девет години.
The post Драма! Крадци упаднале во „Виндзор“ додека Кејт, Вилијам и децата спиеле… appeared first on Локално.