Неколку луѓе останаа заглавени откако Панорамско тркало се расипа на плажа во Скегнес, Велика Британија.
На местото на настанот пристигнале голем број амбулантни возила и пожарникари, потврдија од полицијата.
Како што јави Би-Би-Си, на граѓаните им е препорачано да ја избегнуваат областа додека е во тек спасувачката операција.
За потсетување, ова е втора несреќа поврзана со популарното Панорамско тркало во Европа во последната недела. Недалеку од Лајпциг, Германија, минатиот викенд се запали панорамско тркало, при што беа повредени 30 луѓе.
Текстот Драма во Велика Британија: Се расипа Панорамското тркало, има заглавено луѓе е превземен од А1он.