До 31 август отворен конкурсот за награди на средношколците што освоија медали на олимпијади

    До 31 август отворен конкурсот за награди на средношколците што освоија медали на олимпијади

    До 31 август е отворен конкурсот за средношколци во Министерството за образование и наука за парична награда на талентираните ученици кои освоиле медал на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки. Повикот за основци медалисти трае до 30 септември. Повиците се наменети за освоено прво, второ или трето место, за учениците и наставниците или менторите. Наградите за средношколците се доделуваат според актуелниот Закон за средно образование кој не предвидува награда за менторите што не се вработени во средно училиште, иако скоро сите ментори на средношколците-олимпојци се универзитетски професори.

    Пред неколку години оваа ставка беше изменета со новиот Закон за основбо образование кој предвидува награда за ученикот, наставникот и менторот, без разлика во која институција е вработен.

    The post До 31 август отворен конкурсот за награди на средношколците што освоија медали на олимпијади first appeared on УМНО.МК.

    Exit mobile version