дома ЕКОНОМИЈА Доне Таневски...

Доне Таневски продаде 25.669 акции во Македонијатурист, купија Скопски пазар и Промедика

Доне Таневски продаде 25.669 акции во Македонијатурист, купија Скопски пазар и Промедика

Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Доне Таневски, претседателот на Надзорниот одбор на Друштвото, продал 25.669 обични акции издадени од Македонијатурист и сега поседува 80.160 обични акции, односно 17,72%.

Од таму информираа и дека акционерот Скопски пазар АД Скопје купил 730 обични акции и сега поседува 45.230, односно 10% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист.

Акционерот, друштвото за трговија, производство и услуги Промедика ДООЕЛ Скопје поседува 39.272 односно 8,68% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист.

Македонијатурист е сопственик на хотелите Холидеј Ин, Карпош, Водно, Бристол, Јадран, Best western и Bellevue.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ново прегрупирање во Македонијатурист, кои се сега најголеми акционери

„Скопски пазар“ од денеска е втор најголем акционер во „Македонијатурист“

М.Г. Фешн стана акционер со над 5% во Македонијатурист, поседува 7,69% од акциите

Фото: Холидеј Ин/Фејсбук

The post Доне Таневски продаде 25.669 акции во Македонијатурист, купија Скопски пазар и Промедика appeared first on еМагазин.

Exit mobile version