Долниот дом на австралискиот парламент усвои закон со кој може да се воведе забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години, што претставува една од најстрогите контроли на социјалните мрежи во светот, пренесува Ројтерс.
Законот е усвоен со 102 гласа „за“ и 13 „против“, а се очекува наскоро Сенатот да го разгледа за да биде усвоен пред крајот на парламентарната година.
Премиерот Ентони Албанес, кој е за овој закон, тврди дека прекумерната употреба на социјалните мрежи го загрозува физичкото и психичкото здравје на децата.
Законот ќе бара од социјалните мрежи да имплементираат систем за проверка на возраста, со можност за казна од 32 милиони долари за непочитување.
Иако Гугл и Мета побараа одложување на законот додека не заврши тестирањето на системот за проверка на возраста, јавноста го поддржа законот, додека родителските групи го гледаат како клучна мерка за заштита на децата.
Анкетите покажаа дека 77 отсто од Австралијците ја поддржуваат забраната, додека противниците на законот ги наведуваат прашањата за приватноста и слободата на изразување.
Текстот Долниот дом на Австралија го усвои законот за забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години е превземен од МАКФАКС.