back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Доктори и пациенти маршираа за машкото здравје и почетокот на Мовембер

Македонското здружение по урологија вчера со почеток во 10 часот со планинарски марш ја започна овогодишната кампањата „Мовембер – Не дозволувај здравјето да скапе”.

На маршот, кој започна од ОУ „Кочо Рацин” до Средно Водно, учествуваа значителен број на граѓани, доктори, пациенти…

Посебна чест ни направи присуството на претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик проф. д-р Живко Попов, сподели проф. д-р Скендер Саиди, претседател на Здружението на уролози на Македонија.

Тој најавува дека во склоп на овогодишната кампања ќе се одржат повеќе активности.

„Мовембер” претставува глобална кампања што се одржува секој ноември со цел подигање на свеста за некои специфични заболувања кај мажите (ракот на простата, ракот на тестисите и менталното здравје).

The post Доктори и пациенти маршираа за машкото здравје и почетокот на Мовембер appeared first on Република.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари