back to top
2.8 C
Skopje
01.02.2025
Google search engine
домаДете со нож р...

Дете со нож ранило врсник во Кочани, во станица заврши и родителот на напаѓачот

Вчера во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен малолетник од Кочани.

Според пријавеното, тој бил нападнат од друг малолетник, кој употребил остар предмет и му нанел убодна рана, објави МВР.

Во врска со настанот, со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на родител.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Дете со нож ранило врсник во Кочани, во станица заврши и родителот на напаѓачот е превземен од МАКФАКС.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари